Емоции, гушкање и љубов

Благодарение на микрочипот и тимот на „Лајка“ Лео си замина дома

„Емоции, гушкање и љубов. Оваа работна недела ја заокружуваме со среќен крај во потрагата на златниот ретривер Лео. Да, овој убавец благодарение на тимот на ЈП „Лајка" и микрочипот си отиде дома кај својот сопственик. Сликите говорат повеќе од се, а љубовта од најдобриот пријател на човекот е безусловна“, соопштија од „Лајка".

Оттаму посочуваат граѓаните да ги чипираат своите домашни миленици. Само така, доколку се изгубат ќе можат да бидат вратени кај вистинските сопственици.

„Ние сме среќни што Лео е веќе во својот дом и не талка по улиците. Кај нас забележително тагуваше по својот сопственик“, велат од „Лајка".

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе