По пожарот на котел во подружницата на ЕСМ во Железара

ЕЛЕМ: Нема прекин во снабдување со струја и парно греење

АД Електрани соопшти дека нема прекин во снабдувањето со струја и парно греење во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром. откако при редовна процедура за чистење филтер за масло на турбогенератор бр.1, изутрината во 8.15 часот настанало протекување на турбинско масло и самозапалување во делот на ејекторите (машинска хала) во подружницата Енергетика-АД ЕСМ во населбата Железара.

Од ЕЛЕМ истакнуваат дека имало интервенцијата при самозапалување на турбинско масло во „Енергетика" и дека се работи на преземање мерки и активности за понатамошна заштита на турбогенераторот и останатата опрема од несакани последици.

При редовна процедура за чистење на филтер за масло на турбогенератор бр.1, изутрината во 8.15 часот настанало протекување на турбинско масло и самозапалување во делот на ејекторите (машинска хала) во подружницата Енергетика-АД ЕСМ.

„Со брза интервенција на вработените пожарот е локализиран, пред пристигнување на противпожарните екипите од кругот на Железара и на град Скопје. Исто така настанот е пријавен и во МВР, односно во Полициската станица Гази Баба, кои излегоа на лице место. За време на настанот и после настанот немаше прекин на преносно-дистрибутивниот систем за електрична енергија и нема прекин во снабдувањето и дистрибуцијата со топлинска енергија", соопштуваат од ЕЛЕМ.

Преку системот на Енергетика-АД ЕСМ, со парно греење се снабдуваат 3700 корисници во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе