Еко-свест: Град Скопје ќе носи Зелен акциски план без да ги консултира скопјани

Невладината организација Еко-свест реагира дека на утрешната седница на Советот на Град Скопје треба да биде донесен Зелен акциски план за град Скопје, а за планот којшто треба да ја подобри состојбата со животната средина во градот и како таков ги засега сите негови жители, досега немало никакви јавни консултации ниту соодветно информирање за процесот.

„Според член 65 од Законот за животна средина сите плански документи во оваа држава подлежат и на Стратегиска оцена за влијание врз животната средина, документ кој не е приложен како дел од документацијата заедно со Зелениот акциски план за град Скопје. Не знаеме ниту дали Министерството за животна средина и просторно планирање како надлежен орган било консултирано и учествувало во изготвувањето на планот.

Ваквиот однос на локалните власти е сосема спротивен на заложбите на Владата која се стреми да обезбеди транспарентност во носењето на политиките од јавен интерес во насока на приближување на нашата земја кон ЕУ.

Уште во јули 2019 година Еко-свест реагираше дека документот се работи без консултација и информирање на јавноста, што е обврска на институциите и локалните власти, но сега гледаме дека сме ставени пред свршен чин без никакво информирање на оние најзасегнати од планот – граѓаните“, велат од Еко-свест.

Од организацијата реагираат дека Град Скопје се финансира од националниот буџет и постои за да им го подобри животот на жителите на градот, па мора да соработува со граѓаните како би ги согледал нивните потреби.

„Сметаме дека игнорирањето и избегнувањето на јавното мислење се непотребни и недозволиви, особено бидејќи Градот не би требало да стравува од критика кога се работи за ваков позитивен документ. Сепак, транспарентноста и учеството на јавноста мора да се приоритет. Затоа бараме Зелениот акциски план да биде соодветно објавен, ставен на располагање на граѓаните во тек на 30 дена и за него да се организира јавна расправа пред неговото усвојување. Воедно, бараме Градот да поднесе барање за мислење од Министерството за животна средина за потребата од спроведување на постапка за стратегиска оцена за влијание врз животната средина. Истовремено ги повикуваме советниците да го побараат истото на утрешната седница“, пишува во соопштението од Еко-свест.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе