Според Пенов, приватните превозници не треба да го блокираат Скопје туку да протестираат онаму каде што сметаат дека им е создаден проблемот.
„Од кавгата меѓу градоначалничката Данела Арсовска и приватните превозници штетата ја трпат граѓаните кои не можат да стасаат на работа, на лекар или во училиште. Преголема е штетата поради самоволието на улиците. Едвај излеговме од Скопје тргнувајќи кон Струмица. Граѓаните возат најмалку по половина час повеќе од потребното време, се губат часови, се доцни на работа, се троши гориво, штета имаат и бизнисите“, рече Пенов..
На новинарско прашање дали Министерството за локална самоуправа ќе преземе нешто да се реши проблемот бидејќи Арсовска нема намера да им го исплати долгот, Пенов рече дека не може да каже кои мерки ќе се преземат, но рече дека ситуацијата се следи.
Инаку, вчера Пенов во госутвање на ТВ Сител најави можност Владата насилно да ги тргне автобусите, но и нагласи дека сите средства не се исрпени.
На ваквата изјава од Пенов, денеска реплицираше лидерот на превозниците Ленин Јовановски кој на министерот му порача дека ако сака може и тенкови да испрати, но дека приватните превозници законски го најавиле протестот.