Две години од поплавите, и најситната капка дожд носи страв да не се повтори 2016 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шести август, 2016 година денот кога дожд се истури над Скопје. Денес се навршуваат точно две години од големите поплави во кои загинаа 22 лица. Најпогодени од поплавите беа неколку скопски региони меѓу кои и населбите Стајковци и Ченто. Екипата на МКД.мк минатата година беше во посета на овие две населби и речиси секоја куќа криеше некаква приказна. Дел од куќите беа обновени, а на дел останале трагите од водата. Сите беа со иста мисла, никогаш да не се повтори.

 

Жолтите линии кои беа обележани на ѕидовите од куќите сведочеа за висината која ја достигнала водата која носеше се пред себе. Жителите на најпогодените места се снаоѓале кој како знае и умее. Сите без исклучок се сеќаваа на секој детал, на секој агол кој го поплавила водата, како и на оние чии животи згаснаа.

Жителите ни раскажаа дека децата се плашат и на најситниот дожд и прашуваат дали повторно ќе треба да се спасуваат како тогаш кога се случија поплавите. Траумите не се забораваат, велат.

Министерството за финансии исплати штети на поплавените лица, но сите кои претрпеа штети од поплавите го делат истото мислење, дека ниту едни пари нема да можат да им го надоместат преживеаното.

Невремето што се случи попладнето на 6 август во 2016 година донесе обилни врнежи и силен ветер, а најголема беше штетата во селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.

Тогаш наврнаа 92,9 литри дожд на метар кваратен во рок од 24 часа, а само во првите два часа од почетокот на невремето биле регистрирани повеќе од 800 громови.

Граѓаните заедно со институциите координирани од Црвениот крст се соолидализираа за испорачување на неопходната помош, а помош во форма на пумпи и намирници пристигна и надвор од границите.

Под мотото „Да не се заборави и никогаш да не се повтори", градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, за сите учесници кои придонеле на било каков начин во справувањето со поплавата, на симболичен начин, попладнево ќе додели повеќе од 200 благодарници на институции, јавни претпријатија, фирми, здруженија на граѓани и волонтери кои доброволно помогнаа за време на поплавите.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе