Нов кластер?

Двајца високи службеници од ИВЗ се позитивни на коронавирусот, имале средба со делегацијата од ИВЗ од Косово

Мурат Хусеини, муфтијата од Кичево и Селвер Џемаили, шефот на кабинетот на в.д. реис на ИВЗ Шаќир Фетаху се позитивни на коронавирусот. Тие деновиве биле членови на делагацијата на ИВЗ на Македонија која била домаќин на нивните колеги од ИВЗ Косово.

Од ИВЗ на Македонија за МКД.мк велат дека на сите овие средби доследно биле почитувани мерките на Владата за заштита од коронавирусот. Од таму велат дека знаат дека Џемаили бил нешто болен, но ја немаат информацијата за неговиот позитивен тест на ковид-19. Според информациите на МКД.мк Џемаили е во домашен карантин.

Од информативната служба на ИВЗ не знаеја да ни кажат и за состојбата на кичевскиот муфтија, кој според наши информации бил во потешка состојба.

Нема информации за тоа дали е презмена некаква поширока акција за проверка на сите присутни на состаноците на делегациите на ИВЗ од двете земји во хотелот „Буши“ во Скопје.

А.Д.

 

 

 

 

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе