„Урбанистички“ интереси

ДУП-от за Треска во име на општината го спрема „Ин-пума“, фирма чии сопственици се градежници и газдата на земјиштето

Планерската компанија „Ин-пума“, која е најмена од Општината Центар за да го нацрта деталниот урбанистички план кој до скоро ја опфаќаше и фабриката „Треска“, во својата сопственичка структура има градежни фирми и физички лица кои се сопственици на парцели на истата локација, пишува 360 степени.

Во моментов, парчето за „Треска“ е издвоено од ДУП „Буњаковец“ поради идејата на општината за просторот да распише конкурс. Но, за локацијата еднаш беше донесен ДУП, изработен од „Ин-пума“, а по нарачка на едно од претходните раководства во оваа локална самоуправа, во 2012 година. Решението беше – на земјиште на поранешната фабрика да „никнат“ 30 нови згради,

Општина Центар смета дека стопираните детални урбанистички планови не се во согласност со Генералниот план на градот и/или беа во спротивност со други закони кои ја уредуваат материјата на планирањето на просторот. Конкретно за „Треска“, Општината се обидува „ослободениот простор“ да биде планиран за зеленило или за други јавни намени.

Апсурдот во случајот со „Треска“ е што меѓу сопствениците на планерската компанија „Ин-пума“ е градежната компанија „Ремис“ од Охрид. Меѓу сопствениците на „Ремис“, пак, е фирмата „Градежник“. А еден од сопствениците на фирмата „Градежник“ е лицето Предраг Виќентијевиќ.

На почетокот на месецов до Уставниот суд стигнала нова иницијатива со која се бара укинување на т.н. мораториуми во Општината Центар. Со други зборови, се бара да се прекине обидот – дел од деталните планови да се усогласат со Генералниот план и со законите и да може да се гради според претходно донесените деталните урбанистички планови.

Се чека на одлуката на Уствниот суд меѓу приватниот и јавниот интерес, пишува порталот 360 степени.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе