Што се случува во центарот на Скопје

Дуќанџиите од ГТЦ се сомневаат на прикривање на кражба на струја за „копањето“ на криптовалути на Бајрам

Дали е пријавена кражба на струја од напојувањето во ГТЦ? Каде е мерена потошената електрична енергија? Колкави се фактурите за потрошена електрична енергија за фирмата која го најмила магацинскиот простор во ГТЦ? Ова се само дел од прашањата на кои сопствениците на дуќаните во Градскиот трговски центар во Скопје се уште немаат одговор од управата на АД ГТЦ по основаните сомневања дека Габриел Бајрам, советник на СДСМ во Град Скопје, крадел струја за „копање" биткоини во магацинскиот простор на ГТЦ.

Ригови или сервисирање на компјутерска опрема?

На 16 ноември ненадејно беше прекината полициската акција за откривање на кражба на струја за напојување на компјутерска опрема, т.н. ригови и мајнери, за „копање“ на криптовалути. Сведоци тврдат дека полицијата дури и го забранила влезот на новинарски екипи во магацинските простори на ГТЦ, додека од другиот влез на магацините луѓето на Габриел и Елвис Бајрам, синовите на починатиот пратеник Амди Бајрам, ја изнесувала компјутерската опрема.

Откако беше прекината полициската акција се појавија неколку соопштенија и изјави од кои се гледа обидот тука нешто да се сокрие.

Најпрво МВР истиот ден се обиде да ја релативизира сопствената акција и ненадејниот прекин на влезот на полицајците во ГТЦ со тоа што соопшти дека се работи за приватни броила за струја и дека екипата на ЕВН утврдила дека нема кражба. „Полициските службеници кои денес по пријава излегоа на увид во ГТЦ не откриле ниту кражба на електрична енергија, ниту пак трговија со крипто валути. Не постојат елементи на сторено кривично дело казниво согласно Кривичниот закон“, соопшти МВР.

Утредента од ЕВН изјавија дека мрежата која е во нивна сопственост уредно ја регистрира и фактурира потрошувачката на ГТЦ. Останатиот дел од мрежата, односно внатрешната инсталација, не е во наша сопственост и надлежност, велат од ЕВН Македонија.

Обезбедувањето на ГТЦ забранува снимање на новинарски екипи

ЕВН практично ја демантираше полицијата, по што стана јасно дека внатре во ГТЦ има сомневања за кражба на струја. ЕВН ја наплаќа струјата што влегува во ГТЦ, а потоа управата на АД ГТЦ ја распределува таа струја по дуќаните и по којзнае каков критериум ги дели сметките. Во случајов, сосема веројатно е дека цената за струјата крадена за „копање“ на криптовалутите ја плаќале сите дуќанџии со знаење на управата на АД ГТЦ.

Истиот ден, на 17 ноември, извесен Сеат Исмаил, во улога на портпарол на семејството Бајрам, изјави дека „компјутерската опрема во изнајмените простории во ГТЦ е согласно законот, увезена е во нашата земја и уредно е платена царина. Изнајмениот подрумски простор се користи како магацински простор каде што се врши сервисирање на компјутерската опрема, а потоа сервисираната опрема се подготвува за извоз“.

Ако е така, зошто тогаш таквото брзање да се демонтира таа компјутерска опрема и да се однесе во непознат правец. Ако е изнајмен магацинот, како што рече Исмаил, тогаш зошто АД ГТЦ не ја покажува сметката за платена струја за тој магацински простор поголем и од 600 квадратни метри. Не е јасно и зошто директорот на АД ГТЦ Ѓоко Трајчевски дава изјава дека не можел да контролира 500 дуќани и не знаел што се случува во истите. Тој исто така вели дека мал дел од магацините, вклучувајќи го и тој во кој наводно имало крадење на струја за копање на криптовалути, се во сопственост на шопинг-центарот, додека повеќето се приватизирани.

Невообичаен начин на затворање на магациснки простор

Директорот низ годиниве сигурно се сеќава и на пријавите на дуќанџиите за бројните дупчења во овие магацински простори кои веројатно биле за спроведување на вентилација за ладење на бројните ригови и мајнери. Полицијата веројатно и не ја заборавила пријавата од неколку банки во ГТЦ кои се посомневале дека некој се обидува да пробие во нивните сефови.

Вентилацијата во подрумските простории на ГТЦ

Ова што го вели Трајчевски за изнајмениот магацински простор, ако е така, само треба да му ја олесни работата и да одговори на уште пред три дена поставените прашања од сопствениците на дуќанџиите кои основано се сомневаат дека со години некој ги манипулира со сметките за струја. Тие, во таа борба за расчистување и на многу други работи околу поставеноста на АД ГТЦ дошле до документ дека АД ГТЦ нема всушност ни лиценца за „вршење на енергетска дејност, снабдување и трговија со електрична енергија во ГТЦ“. Вакви изјави на надлежни органи имаат и за распределбата на топлинската енергија и за вода.

После полициската акција и соопштението од ЕВН стана јасно всушност дека во ГТЦ се распределува и се врши трговија со струјата. АД ГТЦ ја плаќа струјата за 3,7 денари за еден киловатчас, а на дуќанџиите им ја продава за повеќе од 15 денари за еден киловатчас.

Во бизнисот со криптовалутите, во Македонија нема забрана за вршење на таква дејност. Но, цената на струјата е таа што многу го поскапува овој бизнис и едноставно ги тера „копачите“ да се снаоѓаат на разноразни начини. Еден од тие начини, за компанијата на Габриел Бајрам, најверојатно бил и солидарното споделување на трошокот за струја, ама без знаење на дуќанџиите. Се разбира, дека сето ова не можело да се спроведе без знење на управата на АД ГТЦ. За ВМРО-ДПМНЕ нема никакви сомневања дека се работи за класинча партиска спрега, во која главни актери се Габриел Бајрам, советник на СДСМ во Град Скопје, директортот Трајчевски и претседателката на бордот на директори на АД ГТЦ Трајанка Тасевска, инаку сопруга на директорот на БЈБ при МВР, Сашо Тасевски.

Надлежните органи под итно мора да одговорат што всушност со години се случувало во магацинските простори на ГТЦ каде беше пронајдена компјутерската опрема за која постои сомневање дека се копале криптовалути. Сомневањата за украдена струја за период од три години достигнуваат милионски суми. Во евра.

Поминаа 5 дена, а сѐ уште нема кривични пријави, нема информации за некаква истрага или барем предистрага...

А.Д.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе