Oткако добија свои канцеларии

Државното АД M-НАВ од сопствени простории во центарот на Скопје се сели под кирија во ТЦ „Мавровка“

Од кабинетот на извршниот директор Миѓен Салмани велат дека причината за преселбата е зголемениот број вработени и немањето технички прием на објектот. Во истиот објект без проблем функционираат и Републичката комисија за енергетика, Агенцијата за супервизија на осигурување, Комисијата за хартии од вредност... и никој од нив не споменува потреба од селење поради немање технички прием на зградата. Вработените во М-НАВ велат дека им е јасна причината за преселбата.

Дел од државното акционерско друштво за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија, со одлука на извршниот директор за финансиски работи и правни работи, за развој и инвестиции Миѓен Салмани се сели во нови канцеларии, во ТЦ „Мавровка“. Се селат од канцеларии кои се во сопственост на М-НАВ, во канцеларии за кои ќе плаќаат наемнина. Од кабинетот на директорот Миѓен Асани велат дека има две причини за ова - дополнителното вработување на 31 лице и немањето технички прием на новата зграда, која е дел од проектот „Скопје 2014“ и се наоѓа во центарот на градот, наспроти хотелот „Бристол“.

„Причините за преселба на Секторот за финансиски, правни работи, развој и инвестиции, СФПРРИ, од канцеларии во наша сопственост во новите канцеларии лоцирани во ТЦ „Мавровска“ се поради зголемениот број на вработени и немањето на технички прием на објектот. Од  тој временски период имаме дополнително 31 ново вработени. Во поранешните простории во кои бевме лоцирани ја немавме можноста за сместување на целиот персонал. Воедно ве информираме дека изнајмувањето на нови простории беше планирано во финансискиот план  за 2018 година“, вели Гзиме Асани, портпаролка на СФПРРИ во М-НАВ.

А колкав е тој финансиски план, колкава кирија ќе се плаќа и кој е сопственикот на деловниот простор во ТЦ „Мавровка“, за тоа Гзиме Асани вели дека тоа не се информации за јавноста, дека употребата на државни пари за наемнина не е информација од јавен карактер.

Без официјални информации за тоа зошто е донесена ваква, најблаго речено чудна одлука, веќе се множат неофицијалните информации за врските на директорот Салмани со сопстевникот на просторот, дека овој бил дури и еден од врабоотените во М-НАВ, дека се работи за „убави“ провизии...

На прашањето зошто не бил побаран дополнителен простор за новите вработени, под наем некаде во близина, Гзиме Асани вели дека овој сектор задолжително треба да ги извршува работните задачи со тоа што сите вработени треба да бидат сместени во еден заеднички објект. Воедно, додава Асани, во новиот објект биле обезбедени дополнителни простории за Синдикатите на АД М-НАВ и за Надзорниот одбор.

А информацијата колку чини сето тоа сепак ќе мора да ја побараме преку Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

А.Д.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе