Регионална иницијатива

„Дрво на пријателството“ - ќе се засадат 400 дрва во сите регионални главни градови

Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) ја почна иницијативата „Дрво на пријателството“ преку садење на 400 дрва во сите регионални главни градови. Идејата за акцијата е да се компензира штетата од емисии на CO2 што се настанати при официјални службени патувања на ЕФБ во 2019 година.

Дрвата ќе се засадат истовремено на 30 октомври (петок) во Скопје, Белград, Приштина, Тирана, Подгорица и Сараево, во соработка со многубројни локални партнери кои ќе обезбедат волонтерска и логистичка поддршка.  На „домашен терен“ во Скопје, ко-организатори на настанот се македонската компанија Трибенкс (Тreebanks), заедницата на еко-активисти Скопје смог аларм и платформата Мој воздух, кои ќе засадат 60 дрва од врстата платан во Општина Аеродром, во паркот на Булевар Србија наспроти полициска станица Аеродром, утре во 11 часот.

Организаторите се одлучија за оваа акција со цел да се подигне свеста за горливиот проблем со аерозагадувањето кој го делат земјите во регионот. Минатата година, Скопје и многу градови во регионот редовно беа на врвот на листите на најзагадени градови во светот.  За таа цел садењето дрва е еден од наједноставните и најважните чекори во борбата за чист воздух. 

 

„Сметаме дека се потребни конкретни акции и иницијативи на локално и регионално ниво за зелено заздравување после пандемијата со корона вирусот. Потребно е трансформација на градовите преку инвестиции во подобра инфраструктура за пешаци и велосипедисти, инвестиции во обновливи извори на енергија, урбано планирање фокусирано на заштита на животната средина“, велат од Скопје смог сларм

 

Акцијата „Дрво на пријателството“ е заедничка регионална акција која поврзува повеќе организации кои се занимаваат со еко-активизам: „Za čisto i lijepo Sarajevo“ (За чисто и убаво Сараево) од Сараево, “Environmental Territorial Management Institute“ (Институт за управување со животна средина и простор) од Тирана, „Sbunker“ од Приштина, „OZON“ од Подгорица, „Право на град“ (Право на град), „Шума пева“ (Шумата пее) и „Улице за бициклисте“ (Улици за велосипедисти) од Белград.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе