вторник, 16 април 2024

Кенеди: Ја одбив понудата на претставниците на Трамп да бидам негов потпретседател

Независниот кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави Роберт Кенеди Помладиот соопшти дека одбил понуда за соработка од републиканскиот кандидат Доналд Трамп да биде негов кандидат за потпретседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот Трамп ме нарекува ултралевичарски радикал. Јас сум толку либерален што негови претставници ме замолија да бидам негов потпретседател. Љубезно ја одбив понудата“, наведе Кенеди на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека е против Трамп, како и дека, според него, актуелните претседател Џо Бајден не може да победи на изборите.

„Изгледа дека претседателот Трамп знае кој всушност може да го победи“, напиша Кенеди.

Изборите за претседател на САД се закажани за 5 ноември, а истражувањата на јавното мислење покажуваат дека за Кенеди би гласале 9,5 отсто, за Бајден 39,2 отсто Американци, додека Трамп би имал поддршка од 41,5 отсто од гласачите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ