По вчерашната сообраќајка

Дац даде оставка, Министерството ја прифати

Министерството за култура ја прими и ја прифати оставката на в.д директорот на Н.У. Македонски народен театар, Драган Спасов - Дац, напиша на Твитер пред половина час министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Вчера во Кисела Вода сега веќе бившиот директор со своето БМВ удри во 27-годишна девојка, која по краткиот престој во болница беше пуштена на домашно лекување.

Денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, рече дека секој мора да ја понесе одговорноста според законот за она што го сторил независно од неговата функција. „Лице што го довело во опасност животот на друго лице и сторило ваков прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција“, го пренесе Бошњаковски ставот на Владата, по што следуваше оставката на Дац и нејзиното прифаќање од страна на Министерството.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе