Министерството за култура ја прими и ја прифати оставката на в.д директорот на Н.У Македонски народен театар, Драган Спасов - Дац
— Robert Alagjozovski (@RobAlag) January 31, 2018
Вчера во Кисела Вода сега веќе бившиот директор со своето БМВ удри во 27-годишна девојка, која по краткиот престој во болница беше пуштена на домашно лекување.
Денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, рече дека секој мора да ја понесе одговорноста според законот за она што го сторил независно од неговата функција. „Лице што го довело во опасност животот на друго лице и сторило ваков прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција“, го пренесе Бошњаковски ставот на Владата, по што следуваше оставката на Дац и нејзиното прифаќање од страна на Министерството.