Единицата за брзи артивистички интервенции

Доживотна робија за непрописно паркираните автомобили (ФОТО)

Низ Скопје паркира кој каде стигне! Колони возила стојат паркирани на улици, булевари, тротоари, на најпрометните места во градот, а парковите и тревниците се претворени во паркинзи. На тротоарите се паркирани возила, а пешаците, родителите со детски колички и лицата со попреченост мора да одат среде улица со сериозни ризици по нивната безбедност.

 

Таква е сликата за Скопје и сообраќајната култура на граѓаните. Одметнатите „шерифи“ од владеењето на правото се надмоќни над „пајаците“ и обичните граѓани. За нив „Не паркирај, бушам гуми!“ е само смешен графит!

Затоа, Единицата за брзи артивистички интервенции ја зеде правдата во свои раце и произведе ефектно помагало за непрописно паркираните автомобили – секое непрописно паркирано возило ќе биде казнето со најстрога казна - доживотна робија.

Ѓуле со синџир за тркалото на автомобилот ќе биде казната за непочитувањето на сообраќајните правила и уништувањето на животната средина за сите кои се паркираат каде што ќе им текне.

Дали ова ќе бидат доволно возачите да се сетат каде е вистинското место за нивните автомобили, и најважно, да помислат на другите граѓани?

Акцијата е дел од проектот на Единицата за брзи артивистички акции финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе