Донација на Спорт лајф за ново спортско игралиште

Со донација на Спорт лајф (Sport Life), игралиштето во ОУ Кочо Рацин –Скопје, е комплетно реновирано во мултифункционално спортско игралиште, за спортови како: фудбал, одбојка, ракомет, а понатаму и за тенис.

 

Новото спортско игралиште е од отворен тип и ќе се користи како за потребите на училишната настава, така и за слободни активности на децата вон наставата.

„Особено сме среќни што овој проект се реализира успешно и што ќе овозможи децата да се рекреираат, спортуваат и притоа стекнуваат голем број вештини важни за нивниот психофизички развој. Наша заедничка цел е развој на спортот и здравјето на децата во нашето општество. Посакуваме да се користи што почесто и за разни настани во духот на спортот и спортскиот живот“, велат од Спорт лајф.

Од страна на училиштето „Кочо Рацин“, во името на целиот колектив, директорот Јовица Остоиќ, изрази голема благодарност за донацијата, истакнувајќи ја како пример за поттикнување на развојот на спортот во земјата, преку создавање на соодветни услови за спортување на децата уште во рана возраст.

Вкупната инвестиција за комплетно реновирање на спортското игралиште изнесуваше 1,5 милиони денари – донација од Спорт лајф.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе