Донација на „Еколог“, Дестани ја посети хируршката клиника во Скопје

Во фаза на финализирање на работите за реновирање на хируршката клиника „Свети Климент Охридски“ во Скопје, познатиот филантроп       Лазим Дестани, во својство на претставник на донаторот на проектот, компанијата „Еколог интернешнл“, денеска престојуваше во посета на овој медицински центар за лично да го види напредокот на работите.

Донацијата за реновирање на овој болнички центар во Скопје доаѓа по низата донаторски активности на групата „Еколог“. За време на пандемискиот период, оваа компанија во рамките на корпоративната општествена одговорност донираше илјадници електронска опрема за процесот на учење преку Интернет за деца од социјални загрозените семејства низ целата земја, материјали и опрема во болницата во Тетово и донирани тестови за ковид-19 до надлежните органи на Министерството за здравство.

Тековната донација за реновирање на хируршкиот објект во Скопје значително ќе ги подобри условите, претворајќи го во здравствен дом со модерен изглед.

За време на неговата посета, Дестани беше пречекан  од директорите на хируршката клиника Љубен Арсенков и Нермин Шаќири.

Во врска со оваа донација, челниците на клиниката истакнаа: „Денешната посета на Лазим Дестани, сопственик на компанијата Еколог, претставува особено задоволство и чест за нас. Донацијата за обнова на фасадниот-атриум е од исклучително значење за нашата болница. Се надевам дека оваа општествена одговорност на Дестани и компанијата Еколог ќе биде поттик за други можни донации од други компании или поединци. Во име на целиот тим, повторно му благодарам за донацијата и особено за честа што ни ја направи со посетата на оваа болница “.

Групацијата Еколог разговара со надлежните за нова модерна универзитетска здравствена клиника за полошкиот регион, во Тетово.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе