ДОМ пред утрешниот Совет на Центар: Поддршка за иницијативата за архитектонско-урбанистички конкурс за „Треска”

Зелената партија ДОМ ја поддржува иницијативата општина Центар да распише конкурс за избор на архитектонско-урбанистичко решение за локацијата на фабриката „Треска”.

ДОМ се придружува на заложбите на граѓанскиот сектор и на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Архитектонскиот факултет во Скопје и на бројни експерти. Конкурсот ќе придонесе за заштита на јавниот интерес и обезбедување услови за хумано и квалитетно живеење, кои се нарушени од неодржливото зголемување на густината на изграденост. ДОМ апелира до Советот на општина Центар да донесе одлука за распишување на конкурсот, како продолжение на добрите политики на урбан развој во оваа општина.

 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе