Реакција

ДОМ: Апел до советниците во Кисела Вода да не го прифатат планот за градежна експанзија во Расадник

Зелената партија ДОМ, остро се спротивставува на предложениот ДУП за Расадник. Апелираме до сите советници во општина Кисела Вода, да го следат јавниот интерес за хумано и квалитетно живеење и да не го усвојат ДУП-от.

Според објавените информации во медиумите, во оваа населба се планира изградба на 100 згради во кои би можело да се вселат околу 20.000 станари. Тоа е соодветно на вкупниот број жители на еден помал град, како Делчево или Ресен. Предложениот ДУП неколкукратно ја надминува густината на жители предвидена со ГУП-от на град Скопје. Според Законот за просторно и урбанистичко планирање, ДУП-от мора да е во согласност со ГУП-от.

Дополнителен проблем би претставувало и обезбедувањето соодветна комунална и сообраќајна инфраструктура за толку голем број жители.

Укажуваме и на обврската за почитување на одредбите од Законот за урбано зеленило, за заштита на зеленилото и обезбедување најмалку 20% зеленило на градежна парцела.

Имајќи го предвид ургентниот проблем со аерозагадувањето и климатските промени, ДОМ предлага наместо градежна, зелена експанзија во Расадник. Наместо нови згради, да се направи парк во овој дел на градот, соопшти ДОМ.

Порталот А1он вчера објави дека во скопската општина Кисела Вода планирано е да се изградат 100 нови згради и ќе се населат речиси 20 илјади станари доколку се усвои новиот Детален урбанистички план (ДУП) за местото познато како Расадник.

Јавната анкета во општината трае до 7 ноември. Дотогаш, сите засегнати граѓани можат да поднесат забелешки на предложениот ДУП за кој граѓаните веќе собираат потписи за негово поништување и подготвени се со жив штит да се бранат од градежната инвазија.

Шесткатници, осумкатници, деветкатници, тринаесеткатници, некои од нив раздалечени на само 12 метри простор,

предвидени се во новиот предлог на општината. Градежните фирми гледаат голем залак во овој дел од Скопје – наголемо се откупуваат парцели од сопствениците и секоја од нив се бори за зграда или кат повеќе.

Со планот е предвидена бруто-станбена површина од над 837 илјади квадратни метри. Од нив, дел се веќе изградени куќи кои ќе добијат еден кат повеќе, а дел се веќе постоечки згради. Нa празните парцели во расадникот е предвидено да се градат 100 нови згради со вкупна брутостанбена површина од речиси 550 илјади квадратни метри.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе