До крајот на месецов пензионерите ќе добијат бесплатен автобуски превоз, најави Арсовска

Одговарајќи на новинарско прашање, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска откри кога повторно ќе почне бесплатниот автобуски превоз за пензионерите.

„Верувам дека директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје" кој во девастирана состојба го најде претпријатието, а понатаму и се соочува со бројни опструкции, тоа што го ветил и што го кажал, а тоа што е поминато на седница на Советот ќе го реализира токму онака како што го кажал, во втората половина на март отпочнува оваа мерка на бесплатен јавен превоз за оваа категорија на граѓани за коишто Советот на Град Скопје ги има изгласано на својата претходна седница,“ рече Арсовска.

Арсовска исто така истакна дека очекува до среда да седнат со Владата на разговори на кои ќе се бара решение за помош на општините чие функционирање е сериозно загрозено од поскапувањата предизвикани од енергетската криза.

„Верувам дека она што е неопходно е да се разговара за тоа кои ќе бидат начините да се асистира, односно да се надминат овие проблеми затоа што, на крајот на денот, ова се проблеми на граѓаните, не на општините. Доколку општините се нефункционални тогаш и граѓаните нема да можат да ги добијат сите оние услуги кои што би требало општините да им ги испорачаат. Она што како ЗЕЛС беше испратено до Владата, беа испорачани извесен сет мерки за кои беше ветено дека во неколку дена ќе биде одговорено, еве веќе три месеци не е одговорено. Побаравме и состанок да се одржи за на маса да се образложат од страна на Управниот одбор кој брои 22 члена од редот на градоначалниците низ Македонија. Последната информација која ја имаме беше побарана приближно пред десетина дена, дека во термин меѓу денеска и 23, тоа е среда, Владата ќе испорача термин кога може да се седне да се разговара за овој проблем“, рече градоначалничката Арсовска.

 

 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе