Времето за поминување на оваа траса е предвидено да биде за 35 минути. Лентата на движење би била одвоена од останатите ленти на булеварите.
По добиените пријави подеднакво ќе се проценуваат цената и квалитетот.
Оваа траса е долга 12,81 километри, а предвидено е дневно овој вид на автобуски превоз да го користат 65.000 граѓани.
„Проектантот треба да предвиди дека сообраќајната лента за движење на возилата на БРТ во однос на останатиот моторизиран сообраќај треба да биде одвоена со посебни разграничувачи, со исклучок на крстосниците каде што треба да остане можност за мешање со останатиот моторен сообраќај. Да се направи анализа што ќе се случи зимно време при чистење на снег и во зависност од резултатите да се даде мислење дали поставувањето на разграничувачи е неопходно или ќе биде доволно да се постави хоризонтална сигнализација. Ако се постават разграничувачи, истите по потреба да можат да се дислоцираат“, пишува во проектната документација.
Проектантот треба да понуди неколку поединечни проекти - сообраќаен, архитектонски, градежен, хидротехнички, анализа на ризици.