Два месеци пред почетокот на грејната сезона (2)

До 2025 треба да потрошат 378 милиони евра за да се намали проблемот со ПМ 2,5 и ПМ 10 честичките во Скопје

Скопје е еден од градовите во Европа со највисокo ниво на загадување на воздухот. Загадувањето на воздухот носи ризици по здравјето на сите граѓани на Скопје, но најмногу ги погодува ранливите категории – лицата со хронични заболувања, децата и највозрасните. За да се реши овој проблем потребно е до 2025 година да се потрошат 378 милиони евра или по околу 60 милиони евра годишно.

Загадувањето на воздухот во Скопје и околината ќе се намали за повеќе од половина ако секое четврто домаќинство кое се грее на дрва го смени начинот на загревање, а секое десетто домаќинство стави современа топлотна изолација на својот дом, покажува анализата „Скопје се загрева", изработена во соработка со Програмата на Обединетите нации за развој-УНДП.

Во јануари 2017 година, УНДП во соработка со град Скопје и со Министерството за животна средина и просторно планирање спроведе теренско истражување за начините на греење на домаќинствата, на репрезентативен примерок од 5.044 домаќинства од целиот скопски регион (сите 17 општини).

Во Скопската котлина има 133.633 домаќинства, од кои 73.220 (речиси 45 отсто) се греат на дрво, околу 51.000 (31 отсто) на струја, а околу 35.000 или 21 отсто се приклучени на централно греење. Само околу 2.500 домаќинства, или 1,5 отсто во моментот се загревале со печки на пелети.


Преземањето итни акции за намалување на загадувањето е од најголема важност. Целта е значително намалување на емисиите на загадувачки супстанци од загревањето на домаќинствата во Скопската котлина како најголем локален загадувач на воздухот, или намалување на емисиите на ПM 10 и ПM 2,5 честичките за 62%. Од тие причини, многу е важно да се најдат алтернативни решенија за греење на домаќинствата за да се намали загадувањето и да се заштити здравјето на луѓето.

За да се постигне оваа цел, во студијата се предлагаат мерки, или сценарио „Скопје дише", кои до 2025 треба да опфатат четири петини од градските и 42 отсто од руралните домаќинства - промена на постојните печки на огревно дрво, јаглен и нафта со поефикасни печки на огревно дрво, печки на пелети, топлотни пумпи (вклучувајќи инвертер клима уреди) или централен систем за греење на природен гас.

Примена на мерки за енергетска ефикасност на домовите.

Зголемување на бројот на корисници на системите на централно греење.

За да се намали локалното загадување од загревањето на домаќинствата до целите поставени погоре, потребно е 55,8% од домаќинствата во урбана средина и 22,2% во рурални средини до 2020 година да бидат опфатени со некоја од мерките или 81,3% и 42% до 2025 година за урбана и рурална средина соодветно.

Системите за централно греење се инсталирани само во делови од урбаните населби на градот, и најчесто се користат од домаќинствата кои живеат во станбени згради. Огревното дрво се користи од преку 30% од домаќинствата во урбаните делови и дури 85% oд домаќинствата во руралните области. Поголемиот број од домаќинствата кои се греат на огревно дрво користат едноставни системи за греење и голем дел од нив не се доволно ефикасни.

За реализација на сите мерки и активности од сценариото Скопје дише потребни се 378 милиони евра за периодот од 2017 до 2025 година, од кои околу 325 милиони евра би биле наменети за спроведување на мерки за подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата (фасади, покриви, подови...) кои ќе ги исполнат строгите и највисоки критериуми за енергетски ефикасен објект според соодветните национални прописи.

Околу 20.000 домови, или 12 отсто од домаќинствата, треба да добијат топлотна изолација по највисоки стандарди, а околу 27.000 домаќинства треба да добијат поефикасни печки на дрво. Околу 9.000 домаќинства треба да почнат да се греат на печки на пелети, 22.000 со топлотни пумпи, 3.150 со печки на гас, а 10.000 домаќинства да се приклучат на системот за централно греење.

Доколку се реализираат целите од сценариото „Скопје дише" вкупниот број на домаќинства кои ќе користат огревно дрво ќе се намали за околу 18.000, односно, вкупниот број домаќинства кои ќе користат огревно дрво во 2025 година ќе изнесува 35,4% од вкупниот број домаќинства, проценува студијата.

Овие мерки треба да бидат пред сѐ насочени кон општините кои најмногу учествуваат во потрошувачката на огревно дрво како: Центар, Гази Баба, Сарај, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Бутел, но и кон општините од град Скопје каде огревното дрво е речиси единствениот енергент кој се користи за загревање на домовите (Шуто Оризари, Сарај) и сите останати општини од скопскиот регион кои не се дел од град Скопје.

За домаќинствата кои се греат на огревно дрво или јаглен, а истовремено спаѓаат и во целната група со ниски месечни примања потребно е да се издвојат финансиски средства за да им се помогне при промената на технологијата за греење или при изолација на домовите.

Најдобри резултати за кратко време, без поголема инвестиција, според студијата, би се постигнала со повторно вклучување на домаќинствата кои се исклучиле од системот за централно греење.

Калкулатор за греење

За најлесен избор на нова технологија за греење, на најекономски начин, но имајќи ги во предвид и ефектите врз животната средина - тука.

 Скопјани горат едно Водно за една грејна сезона (1)

 

Објавено

Среда, Август 7, 2019 - 07:11

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе