Дивоградба или...

Дивата платформа на Матка наместо да се урне, доби ограда, клупи, маси...

И покрај сите ветувања од општина Сарај и од град Скопје дека дивата платформа на езерото Матка ќе се урне, по изборите платформата доби ограда и нема никаква најава дека дивоградбата некој планира да ја отстрани.

Платформа на Матка во првиот залив по браната некој без дозвола почна да ја гради уште на почетокот на годинава. Општина Сарај чека одговор на барањето за легализација на оваа платформа. Додека тоа се чека поставена е и дрвена ограда на платформата, маси и клупи.

Пред повеќе од два месеци министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави дека доколку општината Сарај не ја урне, тогаш ќе мора да постапи Државниот инспекторат за урбанизам. Но таму не реагира никој, ниту општинските инспектори, ниту пак државните.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го повика градоначалникот на Сарај Блерим Беџети да си ја работи работата за која е избран од граѓаните. На ова, Беџети му одговори на Шилегов да си ги гледа своите надлежности и да не се занимава со оние на општина Сарај.

Пред изборите беше објавено дека Mерван Сулејмани, внукот на поглаварот на ИВЗ Реџеп Сулејмани е човекот кој инвестирал во изградба на дивите платформи на кањонот Матка. Според тие информации, освен платформите, внукот на реисот инвестирал и во други објекти во забранетата зона на Матка. Се дознава дека Сулејмани бил близок и со градоначалникот на Сарај Блерим Беџети.

Меѓу двата круга од претседателските избори на иницијатива на ДУИ, недоразбирањата меѓу поглаварот на ИВЗ и судот, беа брзо и лесно надминати. 

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе