Дино парк со 41 диносаурус отворен во Зоолошката градина, инвестиција вредна 350 илјади евра

Дино парк каде се поставени 41 фигура од диносауруси во природна големина е отворен вечерва во Зоолошката градина во Скопје. Паркот зафаќа површина од 2.000 метри квадратни. Посетителите во природна големина ќе можат да видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, како и поставки со мали диносауруси.

Портпаролката на Зоолошката градина, Тина Мицковска на отворањето рече дека паркот е нов едукативна и забавна атракција во Скопје.

„Како Зоолошка градина храбро чекориме на патот кон членството во Европската асоцијација на зооолошки градини и аквариуми, а во тоа ни помагаат многу наши пријатели, соработници и спонзори. Македонски телеком овозможи да бидеме прва дигитализирана Зоолошка градина во регионот, а од денеска и прв дигитализиран Дино парк во регионот“, рече Мицковска.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека Зоолошката градина е една од институциите која е силно поддржувана во изминатите три и пол години.

„Дино паркот е составен од 41 фигура на диносауруси од два периода креда и јура кои се интерактивни, се движат, пуштаат крици и од тој аспект гледано тоа е најголемиот Дино парк на Балканот. Од аспект дека е посебно ограден со посебно зеленило, го прави овој парк најголем зелен Дино парк во Европа. Инвестицијата изнесува 350.000 евра, средства од буџетот на Град Скопје кои многукратно ќе се вратат, имајќи го предвид и комерцијалниот момент кој ќе владее во паркот“, рече Шилегов.

Ова, посочи градоначалникот, е само почеток на тоа што недостигаше долги години во градот, а тоа е забава за нашите најмлади, за нашите дечиња бидејќи денеска започна и постапката за изградбата на Забавниот парк во Скопје.

„Карактеристично е што Дино паркот е прв дигитализиран Дино парк и Зоололошката градина е прва дигитализирана институција. Со помош на апликацијата ќе може да се видат сите податоци со скенирање на диносаурусите кои се прикажани со што овој парк претставува едукативен центар за децата“, додаде Шилегов.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе