Дино Мерлин ќе пее во Скопје за Нова година

Пејачот, текстописец и музичар Дино Мерлин ќе настапи на плоштадот „Македонија“ на 31 декември, за пречекот на Новата година. Мерлин ќе одржи солистички концерт, а неговото гостување ќе ги чини градските власти нула денари.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција рече дека Дино Мерлин е една од најголемите музички ѕвезди на Балканот. Информира дека имале заеднички средби, разговарале и пролетва се договориле за неговиот настап во Скопје. Смета дека доволно рано го најавуваат неговиот настап и очеку гости и од регионот.

 Мерлин нагласи дека за него Скопје значи топлина, град полн со живот, разноликост, изобилува со различни нации, култури, исто како и неговиот роден град Сараево. Изрази благодарност на поканата и додаде оти градоначалникот Шилегов бил упорен и одлучен да го донесе во Скопје за да настапи на новогодишната ноќ.

„Ќе ми биде задоволство, голема чест и предизвик да свирам на пречекот на Новата 2020 година во Скопје, рече Мерлин. Додаде дека не свирел една година и очекува во Скопје да има извонреден концерт со околу 50 илјади посетители. Најави дека подготвуваат шоу, кое е малку поинакво од она што го правеле претходно.

Одговарајќи на новинарско прашање, градоначалникот Шилегов рече дека е завршен тендерот и е потпишан договорот за новогодишното украсување на Скопје. Очекува главниот град од 1 декември целосно да биде украсен и ќе ја има населбата „Винтерленд“ (Зимска земја) со богата програма, на повисоко ниво од лани. „Сумата за организација на Новата година е иста како и лани. Градот, гостувањето на Дини Мерлин ќе го чини нула денари“, рече Шилегов.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе