Таа посочи дека изминатата недела во државава се регистрирани 3.614 заболени од грип што е зголемување за 27,9 отсто споредено со неделата пред неа кога биле регистрирани 2.825 заболени.
Меѓу заболените има и потешки случаи и најчесто тоа се мали деца, лица со хронични заболувања и повозрасни лица.
„Ги имаме и на Инфективната клиника и на Детската клиника. Во текот на изминатата недела не е регистриран смртен случај“, потенцира д-р Кузмановска.