МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Дескоска го повлече и учебникот Граѓанско образование за 8 одделение

„...Само почитуваните жени и здрави мајки можат да обезбедат здрави семејства, од што зависи и понатамошниот развој на општеството". Ова е само дел од содржината на учебникот за Граѓанско образование за 8 одделение кое од денеска се повлекува од употреба, реши министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Претходно Народниот правобранител за овој учебник утврди дискриминација по основа на род, пол, здравствена состојба, попреченост и религија.

Претставката за содржината на овој учебник беше поднесена од Мрежата за заштита од дискриминација. „Во учебникот, на страна 34 и 35 се учи за правата на жената и, меѓу другото, се вели дека само почитуваните жени и здрави мајки може да обезбедат здрави семејства, од што зависи и понатамошниот развој на општеството. Во прилог на истата лекција има две фотографии, на едната фотографија е прикажана жена со престилка која истовремено готви и стои пред компјутер, а на другата фотографија жената седи со прекрстени нозе и списание во рака, додека пред неа маж чисти со правосмукалка. Под фотографиите стои прашање: „Која од овие жени се изборила за своите права?” Ваквите фотографии воопшто не се соодветни за темата која се разработува во лекцијата, ниту пак може да даде одговор на прашањето „Која од овие жени се изборила за своите права” бидејќи ниту една од сликите не покажува дека некоја од жените на фотографиите не се избориле за своите права“,пишуваше вопретставката.

Министерството за образование и наука ги прифати препораките на Народиот правобрнител и донесе одлука за повлекување од употреба на спорниот учебник.

Во јули Министерството донесе одлука за повлекување на учебникот по Општество за 4 одделение.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе