Шилегов гарантира исправност на идното работење

Депонијата „Дрисла" е вратена во системот на град Скопје

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов рече дека се создадени услови да биде разрешен сегашниот директор на „Дрисла" и именуван нов в.д. директор.

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција соопшти дека по двегодишна тешка, напорна, но истовремено и искрена и принципиелна борба депонијата „Дрисла“ е вратена во системот на градот.

„Со ова решение од Централен регистар денеска и официјално завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ со која овој моќен градски капацитет беше даден на користење на несоодветни т.н. партнери на градот. Во периодот што следува, за исправноста на работењето на депонијата „Дрисла“ ќе одговара град Скопје и јас лично како Ваш градоначалник“, рече Шилегов кој додаде дека се создадени  услови во текот на утрешниот ден да биде разрешен сегашниот директор на „Дрисла“ и именуван нов в.д. директор, а, како што рече, по седницата на Советот на Скопје закажана за 29 јануари, да бидат избрани управен и надзорен одбор на сега веќе градското јавно претпријатие за управување со комунален отпад.

Тој додаде дека по завршувањето на оваа постапка ќе ги повика сите надлежни институции и заинтересирани граѓански здруженија и асоцијации, сите заинтересирани граѓани поединци да помогнат заеднички да се направи анализа на досегашното работење на депонијата и заеднички да ја утврдат фактичката состојба во овој сега веќе градски капацитет.

„Ќе повторам, град Скопје и јас лично како градоначалник сме гарантот за исправноста на целосното идно работење на „Дрисла“. Жал ми е што заради некомпетентност и базично незнаење демонстрирано од претходната владејачка гарнитура неповратно изгубивме цели 9 години. Во периодот што следува прва грижа на Градот ќе биде „Дрисла“ да стане прва санитарна депонија која ќе применува современи технологии за управување со отпадот и целокупниот нејзин економски потенцијал ќе биде ставен исклучиво во служба на граѓаните“, нагласи Шилегов на денешната прес-конференција.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе