Одбележување на Илинден

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје

Од 9 часот утрово во Скопје, поради одбележување на празникот Илинден, за сообраќај ќе биде затворен потегот од крстосницата меѓу улицата „11-ти Октомври" и булеварот „Кочо Рацин" до крстосницата меѓу улицата „Даме Груев", улицата „Васил Главинов" и улицата „Димитрија Чуповски" и од крстосницата меѓу улицата „Даме Груев", улицата „Македонија", улицата „Филип Втори Македонски" до улицата „Кеј 13-ти Ноември".

МВР информира и дека од 5 до 14 часот на улицата „Беласица" и од 14 до 18 часот на улицата „Самоилова" (виадукт кај стоковна куќа Мост) во Скопје, во организација на Друштво за филмска продукција „Фокус покус филмс", ќе се снима филм, поради што СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
„Граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните", апелира МВР.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе