Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Свиларе денеска без вода

Прекин во водоснабдувањето денеска од 9:30 часот ќе имаат корисниците од високата зона Пржино и корисниците лоцирани на улицата „Мариовска" во Општина Кисела Вода. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна мрежа, на улицата „Полог" 14.

Поради дефект на улицата „Црногорска" 11, денеска од 9:40 часот прекин во водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Црногорска", „Мијачка", „Кузман Шапкарев", „Радушка", „Арсение Јовков", „Гостиварска" и дел од „Борис Сарафов".

Без вода денеска од 10 часот ќе останат и жителите на населбата Свиларе. Прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект во оваа населба.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе