Делови од Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Студеничани утре без струја

Дел од корисниците лоцирани на булеварот „Партизански одреди" зграда бр.39 во општина Карпош утре од 8 до 10 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 12 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „2“ во село Долно Лисиче, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од селото Батинци, место викано Чупријан и улицата „1“ во општина Студеничани.

Од 12:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Сердарот“ во општина Кисела Вода.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе