вторник, 16 април 2024

Борусија Дортмунд е во полуфинале, елиминација за Атлетико Мадрид

Во крајно драматичен меч Борусија Дортмунд со 4-2 го победи Атлетико Мадрид и со вкупни 5-4 се пласира меѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Атлетико Мадрид со предност од 2-1 го почна денешниот меч против Борусија Дортмунд, но шпанскиот тим не успеа да го сочува таквото водство.

Резултатот го отвори Брант во 34. минута, а само пет минути подоцна Матсен даде гол за водство на Борусија Дортмунд од 2-0. Со тој резултат се отиде на одморот.

По четири минути игра во вториот дел Хумелс си даде автогол за намалување на 2-1, а Кореа во 64. минута погоди за израмнување.

Во тие моменти Атлетико Мадрид беше тимот кој оди понатаму, но работите во Дортмунд повторно се променија.

Течеше 71. минута кога Фулкруг го врати водството на Борусија Дортмунд, овојпат од 3-2, а брзо потоа гол даде и Сабицер за конечни 4-2.

Атлетико Мадрид се обидуваше да дојде до нов гол, но не успеа, на крајот Борусија Дортмунд се радуваше на место меѓу четирите најдобри во полуфиналето од Лигата на шампионите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ