Делови од Аеродром, Карпош и неколку скопски села утре без струја

Корисниците од улицата „Горноврановска" во општина Аеродром утре од 8.30 до 14.30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 10 до 13 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од селата Долно и Горно Свиларе, а од 10.15 до 11.15 часот и дел од корисниците од караула Чашка, село Кучково, како и викендици- Кучково. 

Во периодот од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе останат и дел од  корисниците од улиците „Миле Поп Јорданов“ и  „Џумајска“ во општина Карпош, а од 8.40 до 15 часот корисниците од Јурумлери од патот за Лисиче до Дрма, Колонија и Идризово.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирни зафати во дистрибутивниот систем од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД, пренесе МИА.

 

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе