По повод 13 Ноември

Делегации положија цвеќиња на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на Ослободителите на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, претседателката на Советот на град Скопје, Љубица Јанчева и секретарката на градот Викторија Аврамовска Мадиќ, ги предводеа делегациите кои денеска положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта Бутел и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски.

 

На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советниците Игор Вељаноски, Бојан Ивановиќ и Јелена Жугиќ, како и Делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна - Скопје; делегација на град Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Македонија; делегација од Собранието; делегација од Владата; делегација од Министерството за одбрана; делегација на Генералштаб на АРМ; делегации од општините на Скопје; делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Скопје; делегација на Црвен крст, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции.

Делегација на амбасадата на Русија положи цвеќе на споменикот на Ослободителите на Скопје. Во твитер пораката Амбасадата на Руската федерација во Македонија напиша: 

„Денеска се наполнуваат 75 години од Денот на ослободувањето на Скопје од нацистичката окупација. Оддаваме почит во чест на хероите-ослободители и во слава на традицијата на македонската антифашистичка борба“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе