Поради состојбата со коронавирусот

Дел од експозитурите на НЛБ Тутунска банка ќе бидат затворени, дел ќе работат скратено

Поради состојбата со коронавирусот НЛБ Тутунска банка соопшти дека ќе работи со скратено работно време, а дел од банките воопшто нема да работат. Од банката додаваат дека ваквата одлука ја донеле по препорака на Комисијата за заразни болести на Република Северна Македонија. Експозитурата во Валандово ќе работи со скратено работно време од понеделник до петок од 08-12 часот, додека експозитурите Карпош 4, Три бисери, Клинички центар и Соборен храм нема да работат.

Исто така, НЛБ Банка воведе превентивни мерки и насоки за заштита на вработените и клиентите:

Минимизирајте ја посетата на експозитури, закажувањето на состаноци, директниот контакт со соработници и вработени, како и ракување и долго седење во затворени простории.

Во секоја експозитура поставени се средства за дезинфекција. Доколку имате неодложна потреба за посета на некоја од експозитурите, Ве молиме да ги користите средствата за дезинфекција.

Контактирајте нé на 02/15-600 и на мејлот [email protected] во било кое време. Дополнително, доколку Ви треба консултација со вработен во некоја од експозитурите, на следниот линк Ви се достапни телефонските броеви и мејл адресите на експозитурите: https://bit.ly/2TZ54H1.

НЛБ Cash-In банкоматите Ви овозможуваат да реализирате дополнителни услуги како уплата на сметка, платежни картички, кредити, дневен промет и режиски трошоци. Листата на НЛБ Cash-In банкомати Ви е достапна на следниот линк: https://bit.ly/3aDdhr4.

Користете ги дигиталните канали на Банката кои Ви овозможуваат реализација на сите банкарски трансакции од кое било место и во кое било време. Преку нив можете да имате постојан увид на сите Ваши сметки, да вршите безготовински плаќања, да плаќате обврски за картички и кредити и режиски трошоци, да правите промена на лимитите за плаќање или подигнување готовина со вашите НЛБ Kартички. Повеќе информации можете да добиете на nlb.mk

Безготовинските трансакции Ви се достапни во секое време преку картичките на НЛБ Банка и Ви овозможуваат дополнителна заштита бидејќи на овој начин немате директен контакт со готовина. За дополнителна заштита, плаќајте бесконтактно со едноставно приближување на картичката до ПОС терминалот.

Плаќајте преку мобилниот паричник NLB Pay, брзо и бесконтактно, само до доближување на мобилниот телефон на ПОС терминал. Апликацијата можете да ја преземете на следниот линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.nlbpay.makedonija

За Ваша поголема сигурност и безбедност при користење на НЛБ Платежните картички, имате можност преку НЛБ мКлик мобилното банкарство или НЛБ Контакт центарот да извршите промена на лимитите за плаќање или подигнување на готовина со Вашите НЛБ Платежни картички.

НЛБ Контакт центарот Ви е достапен во секое време за сите Ваши потреби и прашања на телефонскиот број 02/15-600 и на мејл [email protected] . Со цел навремена и квалитетна услуга на клиентите, во моментов НЛБ Контакт центарот работи со засилени капацитети. Исто така НЕЛА – НЛБ Електронскиот асистент Ви е достапен на НЛБ Viber ChatBot 24/7 за сите Ваши прашања за продуктите и услугите на НЛБ Банка. Дополнително, можете да нé контактирате и преку социјалните мрежи и веб страницата на Банката.

 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе