Зелен пазар

Дел од центарот на Скопје блокиран поради протести на пазарџиите

Пазарџиите од Зелен пазар протестираат против покачените цени за паркинг на Општина Центар. 

Сообраќајот  на дел од бул „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје е блокиран од изутрина, на потегот  кај  дирекцијата на Макптерол, поради протест на пазарџиите од Зелен пазар кои бараат намалување на цените за паркинг на Општина Центар.

Полицијата ги пренасочува возилата од пред крстосницата кај катната гаража „26 Јули“.

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од  8 овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.

Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе