Ќе готват млади професионални готвачи

Дегустација на традиционална храна од регионот во Јавна соба

Ајвар, гулаш, штрудла, пита, ќе бидат само дел од традиционалните производи што ќе може да се дегустираат вечер во Јавна соба. Ќе ги приготвуваат млади готвачи професионалци според рецепти од поширокиот регион.

Настанот е дел од проектот „Гастрономска мапа на Западен Балкан", кој има за цел да ги мапира регионите каде што има традиционална подготовка на балкански јадења. Се спроведува во соработка со АРНО од Скопје, „Генератор" од Врање, КЦИЦ од Гњилање и „Бона Фиде" од Пљевља, со поддршка на Фондот на Западен Балкан.

Проектот презентира нетипични категории на локалното население кои ги зачувуваат локалните гастрономски традиции, како млади готвачи, идни балкански фјужн-готвачи, женски професионалци и високоедуцирани жени, жртви на домашно насилство, обожаватели на рокенрол, како и типичните зачувувачки на традицијата – жени активни во малцински здруженија на жени, велат од АРНО.

Покрај работилниците за готвење и јавна дегустација, проектот ќе резултира со објавување книга-готвач, осум видеа за готвење и пет разгледници со мапи на пет специфични јадења: ајвар, гулаш, штрудла, пита...

Преку овој проект сакаме да ги зајакнеме регионалната соработка и редовната комуникација, како начин за позитивни и конструктивни решенија за различните регионални конфликти. На дегустацијата ќе прикажеме некои од резултатите од овој проект: четири разгледници со четири мапи од четири јадења од Западен Балкан и видео за приготвување храна, со што и ќе го одбележиме Меѓународниот ден на мирот, дополнуваат од АРНО.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе