Дефиле на олдтајмери во чест на машкото здравје

Глобалниот хуманитарен хепенинг „The Distinguished Gentleman’s Drive“ денеска по вторпат ќе се одржи во земјава. Урбаните џентлмени со нивните олдтајмери годинава повторно ќе се обидат да ја подигнат свеста за машкото здравје и да соберат средства за борба против рак на простата.

Дефилето ќе почне точно на пладне од централното градско подрачје од каде учесниците ќе се упатат кон археолошкиот локалитет Стоби, каде е организирано разгледување на локалитетиот по што карванот ќе продолжи кон винаријата Стоби. 

 „Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење секако е чест, но и обврска. Минатата година, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните авотмобили и модата во борбата против машките болести“, вели Игор Стефановски, претседател на македонското здружение „Gentleman’s Crew“.

Минатата година, на глобално ниво за борба против ракот на простата се собрани над 200.000 долари. Глобално во настанот се вклучија над 143 градови ширум светот, во 54 држави. 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе