Дефект на трафо-станица го остави половина Скопје без струја

Населбите Карпош, Тафталиџе, Капиштец, дел од Центар и други скопски населби денеска во неколку наврати немаа струја. Истото се случуваше и во текот на вчерашниот ден. ЕВН веќе втор ден работи на отстранување на дефектот во трафостаницата во Козле и информираат дека сѐ брзо ќе се санира.

Од ЕВН објаснуваат дека една од причинте за дефектот е преоптовареноста на мрежата од греењето на дел од домаќинствата на струја, но и  поради градежните активности кои се одвиваат на одделни места.

Проблемот настанал со  110 киловолтен далековод Скопје – Запад, поради што и други делови останале  без струја.

Од ЕВН уверуваат дека засега нема опасност од нови прекини  во снабдувањето со електрична енергија.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе