Реакција

Даница Павловска-Циги: Ова е режим. Препознавам манири од претходниот режим (ВИДЕО)

Моментот е ургентен, крајно ургентен затоа што очигледно се работи за еден бизнис-проект со вулгарен профит за којшто се сoгласува и државниот врв и градската управа, па може да се сомневаме и во локалната самоуправа во Општина Центар, која денес очекувам да го прати барањето за суспензија на важечкиот план од 2012 година, декадентен, надминат, некоординиран со ГУП и таа суспензија да биде одобрена. Ова е дел од изјавата за Самопрашај на архитектот Даница Павловска-Циги, поранешната претседателка на Асоцијацијата на архитекти за планираните градби пред хотелот Холидеј ин во центарот на Скопје.

„Тоа е она што, како што викаат, според закон може да се спроведе и може да помогне во моментов. Инаку, се работи за злоупотреба на власта, се работи како што споменав за вулгарен профит, се работи за инволвирање на МПЦ како духовен водач, нешто што е и перверзно и необјасниво за субјект што спроведува такви интереси на сметка на јавниот интерес. Се работи за простор којшто треба да биде за сите граѓани, а само затоа што е во сопственост на Црквата ќе добие некоја друга вредност материјална, а ќе направи огромна штета и се работи да кажеме за една злоупотреба на Ковид периодот. Таквото нешто е непростливо, тоа ќе  остане во нашата меморија, меѓутоа ќе остане и како трага на ова време, на овој период и на овој режим. Јас морам да го наречам така, затоа што препознавам манири од претходниот режим“, вели Павловска-Циги.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе