ЕСМ со апел до потрошувачите

Да се провери дали објектите се подготвени за грејната сезона

ЕСМ Снабдување со топлина во пресрет на новата грејна сезона која почнува на 15 октомври ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во потстаницата со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено

Од ЕСМ Снабдување Скопје како вршител на енергетска дејност, со цел обезбедување на јавна услуга снабдување со топлинска енергија во следниот период, апелираат потрошувачите и заедниците на сопственици да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона.

„За да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на ЕСМ Снабдување. Истовремено Заедниците на сопственици или Управителите на објектите потребно е да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на топлинската енергија“, посочуваат од ЕСМ Снабдување.

Владата донесе одлука со која за вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија се избира ЕСМ Снабдување со топлина Скопје.

Согласно одлуката, друштвото до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги поднесе барање за издавање на лиценца за работа како јавна услуга за потребите на потрошувачите на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: Општина Аеродром, дел од Општина Гази Баба, Општина Ѓорче Петров, Општина Карпош, Општина Кисела Вода, Општина Центар и Општина Чаир.

„Апелот е дел од активностите на ЕСМ Снабдување бидејќи редовното одржување на внатрешната грејна инсталација е одговорност исклучиво на потрошувачите кои се грижат за функционалноста и исправноста на внатрешната грејна инсталација што е од суштинско значење за квалитетот на греење кај потрошувачите“, пишува во соопштението на ЕСМ Снабдување.

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе