По барање на студентите

Читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе работи 24 часа

Работното време на читалната во градската библиотека Браќа Миладиновци по барање на студентите ќе биде 24 часа, договорено е на вчерашната средба на  градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Како што информираа од Град Скопје, Ева Цветковска и Вера Палевска во име на студентите побараа да им се овозможи да ја посетуваат читалната непречено 24 часа во денот, односно студентите да не се соочуваат со проблеми од типот на затворени читални секогаш кога тие ќе им бидат потребни.

Арсовска ги поддржала нивните предлози и изјавила дека секогаш ќе биде на располагање за младите со цел реализирање на проектите од нивна корист.

 

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе