НА 5 И 6 ДЕКЕМВРИ

Центарот за Даунов синдром со рачни изработки на Божиќниот базар

Центарот за Даунов синдром со рачни изработки ќе учествува на два Божиќни базара во Скопје.

Центарот за Даунов синдром (ДСЦ) на 5 декември, сабота, од 12 до 16 часот, во Интернационалното училиште QSI (ул.Женевска 51, на последна 24-ка во нас. Тафталиџе) ќе има поставено  штанд на Божиќниот базар кој Меѓународното Здружение на жени (IWA) традиционално го организира повеќе години. На овој мал Базар ќе имате можност да купите различни новогодишни и божиќни подароци изработени од различни уметници, талентирани ентузијасти и занаетчии.

Влезниците ќе чинат 100 денари по лице, а децата не плаќаат влез. Ќе може да купите рачно изработени предмети, накит и домашни колачиња, да уживате во божиќна музика и децата да ги занимавате на бесплатните креативни работилници. Се очекува да има над 20 разновидни штандови.

Од Центарот за Даунов синдром информираат  дека на 5 и 6  декември, од 10 до 21 часот ќе имаат штанд и на Божиќниот базар во Јавна соба.

Центарот за Даунов синдром ќе ги претстави Елизабета Петковска, 44-годишна девојка со Даунов синдром, која изработува преубав накит со плетење и еклање.

Како што информираа од Центарот за Даунов синдром оваа година ќе им се придружи група ученици од училиштето „Златан Сремец“.

Пријатели  на ДСЦА лександра Зиновски Вилиќ  и Алхемист ќе го поддржат Центарот со подарување на дел од заработените средства. Сé што ќе продадат учесниците на базарот  ќе биде нивна заработка и начин да ги повратат средствата кои ги вложиле во нивните креации.

Центарот ќе има и други производи за продажба, велат оттаму, од кои се надеваме да собереме барем симболичен фонд за поддршка на нашите идни настани. Тие вклучуваат новогодишни честитки, календари, книги, бележници за читање...

Дојдете, купете наши производи и дозволете си да ги пречекорите предрасудите за можностите и талентите на лицата со Даунов синдром, повикуваат од ДСЦ.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе