Нови мерки

Центар против аерозагадувањето: Забрана за градење во зима, вертикални зелени градини, кула за прочистување

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, заедно со својот тим, работи на реализирање на заложбите за чист воздух и „Зелен Центар", соопшти oпштината.

„Податоците за загадување на воздухот кој има последици врз здравјето бара итно преземање на чекори за да се ублажи овој проблем. Во општината се разработува и скенира состојбата со зеленилото, кое беше драстично намалено за поставување на стиропорни згради и споменици од проектот Скопје 2014“, вели градоначалникот Богдановиќ.

Забрана за градење во овие месеци, вертикални зелени градини, кула за прочистување на воздухот, се решенијата за подобрување на квалитетот на животот и заштита на животната средина.

„Денеска на средба со в.д. директорот на ПОЦ Вангел Андрески, се разгледуваше можноста за зголемување на цената на паркинг картата за да стимулираат граѓаните да го користат јавниот градски превоз, со што значително ќе се намали загадувањето. Оваа одлука нема да важи за жителите на Центар, кои и натаму ќе ги користат сите поволности, но и за сите кои работат во централното градско подрачје. Се договара и ослободување на тротоарите од паркирани возила, а проектот кој ќе значи поголема безбедност ќе започне да се реализира на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало“, се наведува во соопштението.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе