БОРБА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈАТА И ГЛАДОТ

Центар ќе добие „Банка за храна“

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Здружението за поддршка и помош на социјално исклучените и сиромашни лица „Храна за сите – БХМ“ потпишаа меморандум за соработка со цел да се создадат услови за заедничко делување и посветеност во борбата против сиромаштијата и гладот преку формирање на „Банка за храна“ на локално ниво.

Меморандумот го потпишаа директорот на ПОЦ Саша Богдановиќ и претседателот на Здружението, Душко Христов и најавија заедничка соработка и делување за создавање услови преку кои ќе се постигне деловна соработка помеѓу субјектите, обезбедување на храна и прехранбени производи од компании и деловни субјекти кои тргуваат со храна, донирање на обезбедената храна на оние категории на кои најмногу им е потребна, подигнување на хуманоста на граѓаните и намалување на степенот на глад кај социјално загрозените и сиромашни лица, организирање на заеднички хуманитарни акции и унапредување на соработката со други заинтересирани субјекти.

Со потпишувањето на меморандумот, како што соопштија од ПОЦ, ќе се подигне свеста за општествената одговорност, ќе се зајакне свеста на локалната заедница за значењето на средината во која не би постоеле гладни лица, ќе се зајакне хуманоста и помагањето на социјално загрозените лица и ќе се покренат иницијативи за понатамошни хуманитарни акции за помош на овие лица.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе