На последната седница на Советот

Центар ја прифати донацијата и ќе постави спомен обележје на великанот Горан Стефановски

На последната седница на Советот на oпштина Центар e усвоена одлука со која се прифаќа донација од семејството на писателот Горан Стефановски и на Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски со цел да се постави спомен - обележје на доајенот на македонската современа книжевност. Скулптурата е изработена од скулпторот Стивен Мелтон и излеана во бронза во леарницата Spaser во Маргејт, Англија, а ќе биде поставена во Дебар Маало.

Не постои подобар начин од споделување на најпознатите мисли и реплики за славење на величината на творечкиот опус на Горан Стефановски од поставување на спомен-обележјето на писателот во неговото омилено Дебар Маало, соопшти општината.

Граѓаните ќе имаат можност да се потсетуваат на ликот и делото на еден од нашите најистакнати писатели, драматурзи и сценаристи. Гордост е новоформираното Здружение за зачувување на културното наследство на Горан Стефановски и благодарение на неговото семејство кое активно ќе работи за афирмација и промоција на неговите дела, тие секогаш да бидат достапни во печатено и дигитално издание за љубителителите на неговиот збор, соопшти општината.

Скулптурата е изработена од скулпторот Стивен Мелтон и излеана во бронза во леарницата „Спејсер“' во Маргејт, Англија, а ќе биде поставена во Дебар Маало во паркчето спроти општинските бараки, веднаш до чинарот, кое за роденденот на Стефановски на 27 април беше засадено во знак на негово сеќавање.

Општина Центар секоја година со пригоден настан го одбележува роденденот на писателот Горан Стефановски, како дел од општинската Програма за култура, со исклучок на минатата година заради пандемијата на ковид-19.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе