Цените на струјата и гасот ги затвори базените во Скопје и Куманово

Проблемите со цените на гасот и електричната енергија и со греењето ги затвори базените во Куманови и Скопје (СЦ „Борист Трајковски“). Во базенот Центар во Скопје работи само малиот 25-метарски базен. Властите одамна го пуштија спортот низ вода, спортистите-пливачи останаа и без тие неколку базени кои ги имаат во државата, реагираше Левица.

Поради дефект на системот за греење од денеска не работи базенот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Причината за затворањето е од технички карактер, односно сериозен дефект на системот за греење. Делот е нарачан од Турција и треба да стигне за две недели, по што веднаш ќе го отвориме базенот за посетители“, изјави директорот на спортскиот центар Александар Петровски.

Во скопскиот базен тренираат околу 400 пливачи и репрезентативци од 33 клуба. Прекинот се случува непосредно пред одржувањето на Националното првенство во пливање, подготовките за Светското првенство во Јапонија и ред други меѓународни натпревари. 

Минатата недела ЈП Чистота и зеленило од Куманово кое менаџира со СРЦ Базени, информираше дека градскиот базен се затвора сѐ до решавање на енергетската криза во земјата. На овој базен тренираат пет пливачки и еден ватерполо клуб со над 300 пливачи.

Од олимпискиот базен „Центар“ велат дека работат со нормално работно време и распоред со 25 метарскиот базен.

„Ние, како и до сега, како одговорна институција во спортот во државата излегуваме во пресрет на сите клубови и пливачи коишто не можат да ги одржуваат тренинзите во базенот во Карпош и базенот во Куманово коишто во моментов не работат и заеднички ќе изнајдеме решение истите да ги вршат своите тренинзи на Олимпискиот базен Центар“, велат од олимпискиот базен.

Како и сите аспекти на живеењето, властите одамна го пуштија спортот низ вода, спортистите-пливачи останаа и без тие неколку базени кои ги имаат во државата, а последиците од неодговорното и криминално работење кое доведе до енергетската криза се одразуваат и врз спортот, реагираше Левица.

„Пливачите се оставени без основните услови за тренинг и натпревари. Покрај тоа што триесет години државата не се заложи да изнајде решение за малубројните базени во државата и со тоа да го реши проблемот кој со години го имаат пливачите, пливачките клубови и спортските работници, сега доаѓаме до степен каде поради енергетската криза, се затвораат и базените. Наместо приоритет во Македонија да биде младите луѓе кои ќе тренираат и ќе прераснат во големи и успешни спортисти и способни луѓе, ние сме соочени со пропаст на спортот во Македонија.

Базените се дадени на концесионери кои ги стопанисуваат и истите со базените работат своеволно. Цените се покачуваат без основ, термините за користење на базените се намалуваат, а сето тоа е на штета на пливачите и пливачките клубови. Конечно, ваквата состојба кулминира со клуч на базените и на штета на пливачите, клубовите, како и сите рекреативци, вклучително и оние на кои пливањето им е препорачано од медицински причини.

Наместо поттик за поголеми успеси на нашите пливачи и подобра подготовка за нови светски и олимписки резултати, истите се соочуваат со препреки и потешкотии. Зошто одговорните власти не покажуваат интерес и не се помогне на спортските објекти? Зошто објекти кои треба да се од национален интерес се даваат под концесија? Кои се должностите на концесионерите и зошто навреме и тековно не се решаваат ваквите проблем? Во својата програма предвидуваме јавните спортски објекти да не се даваат под концесии и државата да стопанисува со истите, водени од елоквентен и стручен кадар“, соопшти Левица.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе