Прес-конференција на Шилегов

Целосно ќе се реконструира мрежата на автобуските линии во Скопје, по 40 години нова студија

Со цел воведување нов систем кој ќе овозможи целосна реконструкција на мрежата на автобуските линии Градот Скопје потпиша договор со реномираните компании РОМ Транспортејшн и ГСТЦ ЛТД за изработка на студија за оптиматизација на линиите на автобускиот јавен превоз во главниот град.

„Пред две години Град Скопје зеде заем во висина од 10 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, со што заедно со ЈСП почна реализација на проектот за набавка на 33 еколошки автобуси. Во рамките на тој проект од страна на ЕБОР е обезбедена и техничка поддршка преку грант на неповратни средства за изработка на студија за оптиматизација на линиите на мрежите на автобускиот јавен превоз во Скопје“, изјави градоначалникот Петре Шилегов на денешната пред-конференција.

Тој информираше дека од вкупно 17 понуди од светски реномирани консултантски организации во сферата на транспортот, од Градот Скопје бил избран конзорциумот меѓу израелската компанија РОМ Транспортејшн и англиската ГСТЦ ЛТД со понуда во висина од 322.530 евра. Компаните имаат изработено голем број на студии за потребите на јавниот превоз во Израел, Велика Британија, Романија, Литванија, Хрватска, како и други земји членки на ЕУ .

„Потребата од ваква студија се наметна поради фактот што актуелна мрежа на линии во нашиот град е направена врз основа на вакваа студија која датира од пред точно 40 години. Имајќи предвид колку градот е променет во последниве 40 години и во однос на популацијата и урбаниот развој, подготовката на вакваа нова стдија со која ќе извршиме целосна реконструкција на мрежата на автобуските линии беше повеќе од неопходна“, рече Шилегов.

Главната цел, како што кажа, е зголемување на атрактивноста на јавниот градски превоз кој ќе резултира со намалување на употребата на автомобилите. Оваа студија на граѓаните на Скопје ќе им понуди нови автобуски рути, напреден систем за наплата и напреден возен ред кој ќе биде во целост во согласност со потребите за мобилност на граѓаните во различни периоди од годината, за време на викендите, за време на празниците, но и во дневните периоди усогласени со временските пикови. Шилегов додаде и дека студијата ќе ги вклучи двете рути на брзиот автобуски транспорт БРТ, со алтернативни сценарија со една рута и без овие рути за периодот пред неговото пуштање во употреба, како и дека реализацијата е предвидена за временски период од 12 месеци.

Моше Хирш, генерален менаџер на РОМ Транспортејшн,  рече дека нивната компанија во последниве 15 години комплетирала и завршила околу 80 вакви проекти ширум светот, а сега се пред нов предизвик да се докажат.

На прес-конференцијата Шилегов одговарајќи на новинарско прашање напомена дека тој како градоначалник, инфраструктурата на градот ја гледа врз основа на податоци, анализи и студии.

„По основ на тие податоци ние ќе ја правиме проценката и уредувањето на движењата на возилата, она што вие не го гледате во моментов, а што се одвива тоа е изработката на тунелот под Стара железничка станица, а ние како град некаде во текот на  средината на наредната година ќе започнеме да работиме на конектирањето на тој тунел со останатата инфраструктура. Тоа е тунел којшто ја спојува ‘Ивол Лола Рибар‘, односно ‘Васил Гологанов‘ со Кисела Вода. Во меѓувреме работиме на два коридора од општина Аеродром и општина Кисела Вода-улица ‘Есенинова‘ и ја започнуваме сега ‘Васко Каранѓеловски‘. ‘Васко Карангелевски‘ ја спојуваме на мостот на бул. АСНОМ, а за Аеродром ги спојуваме преку ‘Есенинова‘ до излезот од тунелите под Железничка“, објасни Шилегов.

Според него, градот прави стратешки развој на инфраструктурата и за тоа ќе биде потребен посебен брифинг со мапи, со цел подобар увид на градежната активност во градот.

„Она што имаме во општина Аеродром имаме еден излез на градот кај Железничка станица. Истиот е сличен и за граѓаните на Лисиче. Она што го работиме со мостот на булеварот АСНОМ е отворање нов коридор. Да потсетам дека во Лисиче и во Аеродром живеат околу 80-90 илјади луѓе коишто сега се движат по еден коридор којшто е паралелен, едниот завршува кај „Веро Центар", другиот завршува кај ‘Тутунски‘. Со пробивањето на мостот вие де факто на тие 80 илјади граѓани им овозможувате излез кон ‘Мавровка‘, значи директно ги внесувате во средниот ринг и кога ќе го имате тој влез на возила како импакт во анализите што ги правиме за сообраќајот тогаш го регулирате движењето на возилата и во малиот и во средниот ринг. Сè друго е импровизација. Јас не сум човек што сака да импровизира“, изјави Шилегов.

 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе