Царина: РДФ отпадот за УСЈЕ е според европските стандарди

Лабораториските наоди од земените мостри од отпадот од Италија наменет како енергенс за цементарницата УСЈЕ, според испитаните параметри се во согласност со дозволените граници наведени во Европскиот стандард за цврсти обновени горива EN 15359:2011. Испитувањето било извршено во Истражен центар за животна средина во Република Естонија, соопшти Царинската управа.

На 29 јануари Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, извршија вонреден инспекциски надзор на 15 камиони со отпад (РДФ) од Италија. Камионите беа  запрени на влез на граничниот премин Богородица.

„Според стандардот, РДФ отпадот е класифициран во 5 дозволени класи врз основа на три параметри: нето калорична вредност (топлинска енергија при согорување на енергенсот, која укажува на перформансите на отпадот), содржината на хлор (кој укажува на техничкото однесување) и содржина на жива (која укажува на влијание на околината) во енергенсот.    

Оттука според стандардот EN 15359:2011 првата испитана мостра од РДФ припаѓа на трета класа според нето калоричната вредност (во граници на нормала), четврта класа според содржина на хлор (во граници на нормала) и четврта класа според содржина на жива (во граници на нормала).    

Втората испитана мостра од РДФ припаѓа на трета класа според нето калорична вредност (во граници на нормала), трета класа според содржина на хлор (во граници на нормала) и  четврта класа според содржина на жива(во граници на нормала).  

Согласно горенаведеното, мострите ги задоволуваат барањата на Европскиот стандард за цврсти обновени горива“, се вели во соопштението на Царинската управа.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе