ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ

Борис Ефтимовски избран за нов претседател на ИАБ Македонија

Борис Ефтимовски, сопственик на специјализираниот портал „Маркетинг365“ и професионалец од областа на маркетингот и односи со јавноста, е избран за нов претседател на ИАБ Македонија, здружението чија основна цел е развој и унапредување на дигиталниот адвертајзинг пазар.

Ефтимовски на позицијата доаѓа на местото на Игор Поповски од „Црно бело медиа“ кој го предводеше здружението во изминатата година. За нов потпретседател е избран Дарко Лазаревски од „Кајгана медиа“, а за генерален секретар на здружението е реизбран Никола Анчевски од агенцијата „Oвејшн“ (Оvation).

На изборното собрание на ИАБ Македонија се избра и нов извршен и надзорен одбор.

Новиот извршен одбор, покрај претседателот Борис Ефтимовски, ќе го сочинуваат и: Дарко Лазаревски, Никола Анчевски, Ира Бабиќ (Бренд јунион), Дамјан Дано (ИТ.мк), Ненад Ристевски (Публицис), Мери Шешо (Меккен Скопје), Сашка Николова (Медиа план) и Игор Поповски (Црно бело).

За членови на Надзорен одбор се избрани претставници од агенциите Хттпоол, Директ медиа и Универзал медиа.

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија е формирано во 2012 година од страна на најголемите македонски дигитални медиуми, маркетинг агенции и огласувачи, и е дел од светската мрежа на IAB USA. Некои од главните цели и активности на здружението се: промоција на индустријата и запознавање на јавноста со можностите и бенефитите од огласувањето на интернет, организација на семинари, трибини, конференции со теми од областа на дигитални медиуми, дефинирање на стандарди за огласување на интернет, како и справување со проблемите кои произлегуваат од индустријата.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе