ВМРО-ДПМНЕ

Бојковски: Вардариште пак профункционира

Општина Гази Баба со забрзано темпо прераснува во општина со најмногу диви депонии во Република Македонија. По пријава на граѓаните на населено место „Кирил Петрушевски“ дојдовме на лице место да ги охрабриме надлежните институции да реагираат на оваа еколошка катастрофа што зазема огромни размери, изјави Тони Бојковски, претседател на Советот на општина Гази Баба.

„Некогашната депонија Вардариште не е веќе некогашна. Некој си дозволил да ја активира и да положува милиони тони шут и отпад. Од градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски и од градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, бараме под итно запирање на активностите на оваа дива депонија затоа што во населено место „Кирил Петрушевски“ не живеат луѓе од втор ред.

На добар пат сме да бидеме најзагадената општина во Република Македонија. Далеку се граѓаните на општина Гази Баба од животот што им го ветивте и граѓаните не го заслужуваат ова. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следната седница на Совет ќе предложи решение за оваа дива депонија и не отстапуваме до конечната реализација за населено место „Кирил Петрушевски“ и општина Гази Баба да биде пристојно место за живеење“, изјави Бојковски.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе